По ланското додавање на можноста за препознавање на песни кои се пуштени на било која апликација на мобилниот, Shazam сега оди и чекор понатаму. Корисниците ќе можат да ги препознаваат песните од апликациите и кога ги слушаат преку слушалки.
Оваа новина е дел од последната надградба на апликацијата, поточно верзијата 17.3. Во описот на надградбата Apple истакнуваат дека препознавањето на песните може да се прави со жичани и безжични слушалки, а корисниците се што треба е да ја пронајдат иконата за слушалки за да потврдат дека истите се поврзани.

Потоа, тие можат да започнат со препознавање на песни во нивната околина или од апликациите како TikTok, Instagram, YouTube и слични.
Ова е доста корисна новина, па корисниците веќе нема да мора да ги исклучат своите слушалки кога ќе наидат на некоја интересна песна додека гледаат YouTube или „скролаат“ низ огромниот број на кратки видеа на Instagram и TikTok.