После неколку месеци на тестирање на ограничен број на корисници, Signal ја донесе до бета верзијата од апликацијата можноста за креирање на кориснички имиња. Во наредните неколку недели може да се очекува надградба на главната апликација, а со тоа новата функција ќе биде пуштена за сите корисници.
Со можноста за креирање на корисничко име, Signal веќе нема да го прикажува телефонскиот број на сите корисници на апликацијата, а оваа можност ќе биде достапна автоматски само за корисниците кои веќе го имаат бројот на корисникот.
Корисничките имиња нема да се прикажуваат во разговорите, односно тие ќе служат како начин на идентификација на корисниците без да го дадат својот телефонски број. Во разговорите ќе продолжи да се прикажува профилното име, а од компанијата истакнуваат дека корисничкото име не треба да се меша со таквите кај друштвените мрежи. Корисниците нема да можат да се најават на сервисот со ова име, па тоа и понатаму ќе се прави со телефонскиот број.
Корисниците добиваат и две нови можности за прикажување на нивниот телефонски број. Тој може да остане како и досега и да се прикажува на сите, а може да не се прикажува на никого, односно само на корисниците кои веќе го имаат тој број во нивните контакти.
Уште поважна новина за корисниците кои сакаат поголема приватност е изборот кој може да ги пронајде според телефонскиот број. Тие може да изберат како досега тоа да може да го направат сите или истото да го сокријат, па никој да не може да ги најде по бројот.
Доколку се избере оваа можност, дури и корисниците кои го имаат бројот во контактите, нема да може да ги најдат корисниците според бројот. Во ваков случај корисничкото име станува единствениот начин некој да биде пронајден на Signal.
Корисничките имиња може да се менуваат колку често сака корисникот, а тие ќе мора да имаат и најмалку две бројки на крајот.