Microsoft ги претстави новите генерации од неколку нивни Surface уреди минатиот месец, а како и обично, овие уреди доаѓаат и со нови позадини. За корисниците кои не бараат подалеку од достапните позадини со оперативниот систем, ваквите „освежувања“ на тоа што е достапно е одлично за да направат мала промена.
Причината поради која доста корисници ги користат „вградените“ позадини е што со Windows 11 тоа навистина и вреди да се прави така. Bloom позадината е можеби најубавата која ја има направено Microsoft досега, истата доаѓа во неколку бои, а достапни се и уште неколку позадини.
Bloom позадината со Surface Laptop 5 и Surface Pro 9 добива четири нови бои, а Microsoft ги стави достапни за сите корисници преку Wallpaper Hub страната каде може да се најдат голем број на позадини.

Симнете ги новите Bloom позадини на овој линк.