skitch-f

Доколку сакате или имате потреба да комуницирате визуелно со вашите пријатели или колеги, постои одлично решение кое доаѓа од Evernote, компанија која е добро позната по софтверот за пишување белешки. Покрај Evernote, софтвер кој денес важи за можеби еден од најкористените, компанијата нуди многу корисна алатка, наречена Skitch.

Skitch e алатка за анотации на слики. Овозможува да ставате стрелки, текст, различни форми и уште многу други елементи на анотација со кои ќе можете визуелно, односно преку слика да се искажете на оние луѓе кои не ве разбираат или пак оние кои бараат помош или идеи од вас.

skitch-1

Што сѐ може да направи Skitch? Покрај стрелките, текстот и формите, исто така можете со маркер да ги обележувате различните делови на рандом слика, исто така можете истата да ја исечете или пак да ја пикселизирате. Исто така, постои можност и за синхронизација на сето она што го работите во Skitch, но за жал потребен е Evernote акаунт кој можете бесплатно да го креирате.

Покрај десктоп верзијата за Windows, Skitch алатката е достапна за скоро сите платформи и уреди, вклучувајќи ги Apple и Android уредите и Mac OSX. Таа е целосно бесплатна што значи навистина ќе ви биде од корист доколку анотацијата ви е дел од она што го работите, без разлика дали се работи за персонална или професионална употреба.

Преземете го Skitch за Windows, Android, iOS, Mac OSX

Претходна статијаMintBox Mini – Мал компјутер кој работи на Linux Mint
Следна статијаНовиот HTC One M9 ќе има “5.1 Surround” и ќе биде лансиран заедно со паметен часовник