Skype ја претстави својата 4.7 верзија за Android оперативниот систем во која што главна новост е големата заштеда на батеријата. Според Skype нивната цел е да овозможат корисниците константно да ја држат вклучена апликацијата во позадина, а притоа да не забележат разлика во потрошувачката на батеријата. За да го овозможат ова тие работат на промена на начинот на работа на Skype технологијата. Повеќе информации за тоа што се овие промени вклучуваат нема, а најавено е дека на истите сеуште се работи, односно процесот не е завршен.
За да може да се постигне заштедата на батеријата, од Skype изјавуваат, потребно било привремено исклучување на нотификациите за групните разговори. Корисниците кои што сепак често разговараат во група и сакаат да ги добиваат овие нотификации, истите ќе може да ги активираат преку менито за прилагодувања. Во иднина овие нотификации повторно ќе биде стандардно вклучени, а корисниците ќе ја задржат заштедата на батеријата овозможена со оваа надградба.
Оваа верзија исто така вклучува и неколку закрпи на багови за следните работи:
- Исправка на баг кај KitKat уредите кој што предизвикуваше посебен процес кога камерата е наместена да се синхронизира во позадина
- Исправка за аудио и видео повици на таблет компјутерите кои што немаат Bluetooth
- Прикажување на Windows Live Messenger контактите во стандардната листа на Skype, а не само во листата на сите контакти (All contacts view).
Новата верзија е веќе достапна во продавницата за апликации (Play Store) и истата можете да ја симнете.