SmartThings е апликација која корисниците на Samsung телефони сигурно ја познаваат добро, а посебно доколку имаат и некој паметен уред во домот, како паметна сијалица, паметна машина за перење, камера и слично.
Преку апликацијата SmartThings корисниците можат да ги контролираат уредите, да добиваат одредени информации, а уште покорисно, да креираат и одредени таканаречени „сцени“ кои овозможуваат контрола на повеќе уреди во исто време.
SmartThings сега е достапна за корисниците на Windows 10, па корисниците кои ја користат на својот мобилен телефон, ќе можат да ги контролираат истите уреди кога работат на нивниот компјутер.
Апликацијата е достапна во Microsoft Store и можете да ја инсталирате преку следниот линк.


SmartThings може да се користи и за лоцирање на изгубен уред, како на пример некој од Galaxy телефоните.
Scenes функцијата е посебно корисна и истата овозможува контрола на повеќе уреди во исто време. Со тоа може да се намести „сцена“ наречена „добро утро“ која ќе ги вклучи сијалиците во дневната, ќе го вклучи паметниот штекер на кој е вклучен бокалот за вода и ќе го вклучи паметниот звучник.