Google како и секогаш има по нешто кога се во прашање познатите дати. Денеска е 1-ви април, па во „чест“ на овој празник на шегата, Google овозможи играње на старата и позната игра „Змија“ (Snake) во Google Maps апликацијата.
Играта е достапна во менито од апликацијата до кое се пристапува со притискање на „хамбургер“ менито на горната лева страна.
Во оваа верзија од познатата „Змија“, се игра со автобус или воз наместо со змија, а целта е да се соберат што повеќе патници без да се удри во самиот себе. Изборот за играње е со избор од неколку градови, односно Каиро, Лондон, Сан Франциско, Сао Паоло, Сиднеј и Токио.

Играта ќе биде достапна во Google Maps околу една недела, а тие што ќе сакаат да продолжат да ја играат, истата ќе биде достапна на посебно направената страна snake.googlemaps.com.