Snapchat започна со тестирање на веб пристап до сервисот во јули оваа година. Тестот им беше пуштен на ограничен број на земји, како и во главно на корисниците кои плаќаат за сервисот, со што добиваат и ексклузивен пристап до нови функции порано од останатите корисници.
Сега овој пристап им е пуштен на сите корисници, па секој кој сака може да седне на компјутер и да го користи сервисот со целосна тастатура.
Snapchat преку веб на корисниците им овозможува пристап до разговорите, како и можност за правење на аудио и видео повици. Доколку се покаже како корисно, од компанија во иднина планираат да ги воведат некои од останатите функции од Snapchat и на веб верзијата.
Snapchat остана една од последните компании кои немаа веб верзија од својата апликација. Дури и Instagram, мрежа која исто така започна на мобилните, одамна веќе има веб пристап овозможувајќи им на корисниците да ја користат мрежата и кога се на нивните компјутери.
Се разбира, главните функции и намена на ваквите сервиси и мрежи, остануваат најдобри за користење преку мобилните.

Покрај ова, од Snapchat најавија и уште неколку новини за нивната апликација. Најавени се „виџети“ за новиот iOS 16 „заклучен екран“, кратенки за разговорите кои не се отворени, како и нови стикери за поставување на прашања.