Фото: Shutterstock.com

Kodi е еден од најпознатите „плеери“ на пиратска содржина, иако овој софтвер сам по себе не е нелегален. Едно време достапни беа и уреди со преинсталиран Kodi, наменети за гледање на секаква содржина „бесплатно“.

Начинот на којшто функционира овој софтвер е преку додатоци со кои може да се гледа саканата содржина. Додатоци има за секаква содржина, а овие додатоци во главно се наоѓаат преку посебни бази на податоци, односно „repositories“.

TVAddones на Адам Лакман е една таква дата на податоци, а против него се поднесени неколку тужби од 2017, па навака. Последната, која доаѓа од канадски оператори како Bell Canada, TVA, Videotron и слични, поминува успешно, па преку судот тие се имаат договорено Лакнам да им исплати 19,5 милиони долари.

Адам Лакман преку Twitter објава истакнува дека тужбата е официјално готова и дека тој може да продолжи со неговиот живот. Исходот од тужбата не бил каков што се надевал, но сепак се работи за исход и крај на работите.

Според тоа што го кажува, тој веќе не планира да се занимава со работи поврзани со пиратска содржина, нешто против кое имаше најголема борба изминатите години. Заедно со достапноста на повеќе стриминг сервиси, реално е намалена потреба од пиратска содржина, нешто што сепак нема никогаш целосно да го снема.

Според пресудата на судот Лакман директно или индиректно учествувал во развојот, хостирањето, дистрибуцијата и промоцијата на додатоци за Kodi кои им овозможувале на корисниците неавторизиран пристап до заштитена содржина.

ИЗВОРTorrent Freak
Претходна статијаОпштина Струмица преземена од карневалистите
Следна статијаInstagram видеата добиваат можност за вклучување на автоматски генерирани „титлови“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.