skype-wp

Од денеска достапна е нова верзија на Skype за Windows Phone која што вклучува неколку новини, меѓу кои најважна е можноста за споделување на слики преку пораките. Можете да испратите слика на еден или повеќе контакти, а исто така можете и да примате слики од нив. Во оваа фаза, можете да примате слики од корисниците на Skype на iPhone (верзија 5 и понова), како и од другите корисници на Windows Phone 8 и 8.1. Доколку испратите слика на контакт кој што користи Skype на платформа која што не поддржува споделување на слики, тогаш тој ќе добие линк до истата. За да испратите слика на некој контакт, се што треба да направите е да притиснете на + знакот додека сте во разговорот. Сега во тоа мени, покрај досегашните две, додадена и можноста за испраќање на слика. Кога ќе притиснете на send photo, се отвора галеријата со слики, а можете да сликате и нова слика.

wp_ss_20140806_0001

Покрај оваа нова можност, Skype 2.21 за Windows Phone ги вклучува и следните новини:

  • Можност за гледање на историја од разговорите за подолг период
  • Можност за користење на ознаки на текстот, односно ѕвездичка за bold и долна линија за italic
  • Додавање на контакти во омилени од прозорот за разговор
  • Подобрување на перформансите

Новата верзија од Skype е достапна во продавницата за апликации и можете да ја ажурирате или симнете преку следниот линк.

skype-wp-qr-2

Извор: Skype Blog

Претходна статијаНовата Foursquare апликација достапна за симнување
Следна статијаБезжично полнење на уредите со ултразвук, овозможува полнење на поголема оддалеченост
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.