После период на тестирање, сите корисници на Spotify ја добиваат новата можност за прикажување на стиховите од песните кои ги слушаат. Ова им следува на сите корисници, односно и тие кои ја користат бесплатната верзија од сервисот, како и тие кои плаќаат.
До стиховите се стигнува едноставно со повлекување нагоре кога е отворена моменталната песна која е пуштена, кај мобилните апликации. Истото е достапно и преку десктоп апликацијата, а стиховите се пуштаат со притискање на микрофон иконата, а за тие кои би сакале да направат и мало караоке, стиховите се достапни и на апликацијата на телевизорите.
Стиховите се интерактивни, односно се прикажуваат точно во делот каде е песната, па корисниците можат точно да ја следат песната без да бараат до каде е стигнат текстот од истата.
Препознавањето на стиховите е направено во соработка со познатиот сервис Musixmatch, а стиховите се достапни за поголемиот дел од достапната музика, односно може да наидете и на музика за која не се достапни.
При гледањето на стиховите достапно е и копче за споделување, па корисниците наместо само песната, можат да ги споделат стиховите, на друштвените мрежи, а и на пријателите приватно.
Стиховите се достапни на Spotify веќе една недела, што значи дека сите корисници кои редовно ја ажурираат својата апликација, веќе треба да ја имаат добиено оваа можност.
