Во 2017 Microsoft најави интересна функција за Windows 10, која требаше да овозможи отворање на било која апликација во нов „таб“, наместо во нов прозор, исто како што се отвораат во денешно време веб страните.

Оваа функција, која беше наречена Sets, беше откажана во 2019, но корисниците не останаа без можноста за групирање на прозорите во еден прозор, во различни табови.

Познатата компанија Stardock, која стои зад развојот на одличните Start 11, Windows Blinds, Fences и слични, ја претстави Groupy. Оваа апликација во основа им ги овозможи на корисниците функциите од Sets, а сега истата ја добива својата втора верзија.

Groupy 2 се’ уште е во бета верзија, а во тој период е и за 3 долари поевтина, односно може да се купи за 7, наместо за 10 долари колку што ќе чини кога ќе излезе од тест фазата.

Новата верзија донесува неколку новини кои ја прават апликацијата уште подобра. Корисниците сега ќе можат да ги групираат апликациите, односно отворените апликации во еден прозор да може да се отворат повторно со еден клик на кратенката на „таскбарот“.

Дополнително, корисниците можат да го изберат стилот на табовите, а тука се уште неколку можности поврзани со изгледот на табовите, како што е избор на посебна боја и слично.

Апликацијата е достапна преку страната на Stardock, односно преку овој линк.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаАсоцијацијата на светски трговски центри и Светскиот трговски центар Акра успешно собраа над 300 лидери од повеќе од 40 земји на 53. Генерално собрание на WTCA во Акра, Гана
Следна статијаПоддршката за iPhone во Phone Link апликацијата сега треба да им е достапна на сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.