Microsoft уште во февруари вклучи во својот прелистувач Edge мала и едноставна игра која е замислена да корисниците ја играат кога немаат интернет и не можат поради тоа да „сурфаат“. Играта поради тоа е направена како игра за сурфање на бранови во море, а им беше достапна само на корисниците на тест верзиите од Microsoft Edge.

Сега сите корисници можат да ја играат оваа игра, а за тоа и не мора да немаат интернет. Доколку немаат интернет истата ќе им биде понудена за играње, но до неа може да се дојде и преку внесување на edge://surf во лентата за адреси.

Секако, за да може да се игра оваа игра потребно е да сте на најновата верзија од Edge, а со оглед на тоа што истата автоматски се инсталира, мали се шансите некој да не е.

Претходна статијаGoogle Meet ги намалува заднинските шумови при видео разговори со помош на вештачка интелигенција
Следна статијаApple се приклучува на трендот на уреди кои се преклопуваат?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.