Како што најавија од Foursquare при крајот на минатиот месец, од денеска за корисниците на Windows Phone 8.1 достапна е нивната нова Swarm апликација. За жал, како што можете и да забележите, апликацијата е достапна само за корисниците на најновата верзија од оперативниот систем, односно 8.1 верзија, па можеби доста од вас нема да можат веднаш да ја инсталираат. За останатите корисници на оваа платформа, може да се каже дека конечно добивате апликација која што е иста како на другите платформи, нешто што е проблем со старата Foursquare апликација од првото нејзино претставување.
Foursquare за Windows Phone ќе остане да функционира во оваа верзија и ќе ја вклучува можноста за чекирање уште одреден период, односно до претставувањето на новата верзија веќе достапна за другите платформи. Нема конкретни информации за тоа кога ќе биде претставена оваа апликација, меѓутоа се очекува тоа да биде најкасно до оваа есен.
Да ве потсетиме, Swarm е нова апликација која што ја претстави Foursquare во Мај оваа година и ја подели главната апликација на две. Сега корисниците имаат две апликации, наменети за две различни работи. Swarm апликацијата го презима делот од Foursquare кој што беше наменет за чекирање и станува апликација наменета за наоѓање со вашите пријатели на местата каде што одите. Главната Foursquare сега е наменета за откривање на интересни места на локацијата каде што се наоѓате, без можноста да се чекирате на нив.
Swarm за Windows Phone 8.1 е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.