SwiftKey6-BlogFeatImage

Минатиот месец можевме да прочитаме за заднинската технологија на чиј развој работат од SwiftKey за нивната популарна алтернативна тастатура за Android платформата. Истата е наречена неврална технологија и ќе овозможи многу пологични и корисни предвидувања на тоа кој е наредниот збор кој што сакате да го напишете.

После тестирањето на новата верзија од апликацијата во бета, од оваа недела е достапна за сите корисници. SwiftKey 6 за Android доаѓа со значителни промени кои што би требало да ја направат тастатурата уште покорисна, а и повторно да ја истакнат над конкуренцијата.

Главната промена во новата верзија е предвидувањето на наредните два збора при пишување, нешто што треба да овозможи уште побрзо пишување со помалку кликови на буквите. Како што им е познато на активните корисници на SwiftKey, предвидувањата, а со тоа и предлозите на зборови, стануваат се подобри со тек на време. Технологијата на која што работи тастатурата го учи стилот на пишување и успева да ги подобрува предвидувањата.

SwiftKey 6 доаѓа и со редизајн на делот за прилагодувања кој што е целосно направен според правилата на материјалниот дизајн. Исто така, подобро направен е и делот за emoji икони, па корисниците би требало многу полесно да ги избираат и внесуваат во пораките.

SwiftKey-6-New-Themes-2--681x379

Уште една новина која што вреди да се истакне е додавањето на 34 нови теми за тастатурата. Со ова корисниците ќе можат да ја изберат онаа тема која што на нив најмногу им одговара, а доколку сте како нас, ќе можете да ги менувате доволно често за да не ви стане монотоно.

SwiftKey 6 е достапна во Play Store и можете да ја инсталирате надградбата доколку веќе ја користите или да ја симнете преку следниот линк.

Симни ја SiwftKey 6 за Android

Извор: SwiftKey

Претходна статијаГерманскиот производител Shift најави модуларен телефон кој ќе работи на Windows 10 или Android
Следна статијаИстражување – Тие кои се сметаат за експерти се потврдоглави
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.