Светската Здравствена Организација, која во сите овие информации, а огромен дел од нив и лажни, е можеби и најдобриот извор за информирање на луѓето, покрај Министерството за Здравство. Од официјалните институции се знае дека информациите кои се добиваат се проверени и докажани, па може со сигурност да се земат и применат.
За да помогне во целата оваа ситуација која настана со ширењето на COVID-19 заболувањето, СЗО ќе претстави мобилна апликација преку која корисниците ќе можат да ги добијат најновите информации и препораки, а ќе можат и да поточно ги проверат своите симптоми.
За почеток оваа апликација ќе го има овој информативен карактер, но според кодот којшто е отворен и веќе објавен, во иднина се планира и следење на локацијата на корисниците со цел следење на ширењето на заболувањето.

Сепак, поради запазување на приватноста на корисниците, следењето на локацијата би се правело само со дозвола на корисниците.
Апликацијата треба да биде претставена денес, а до кодот кој е јавно објавен имаат дојдено од 9to5Google. Според нив, апликацијата треба да биде наречена WHO MyHealth, но можна е и промена на името.