Converted_file_4a1dda86

Како што забележувате, во последно време покриваме повеќе македонски мобилни апликации, меѓу кои и првата македонска мобилна 3Д игра – Cubly3D, апликацијата наменета за откривање на Шар Планина – Exploring Shar Mountain, како и МојВоздух, агрегатор на информациите од мерните станици за воздушно загадување во Македонија.

Денеска на репертоарот повторно имаме македонска мобилна апликација, во овој случај едноставна, но многу заразна игра – TapBattlz (изведена од 3P Development). Концептот на играта е екстремно едноставен: со уште еден човек се натпреварувате кој ќе направи повеќе стискања на екранот во одредената временска рамка. TapBattlz работи на таблети и мобилни, а самиот факт што ви овозможува да го победите другарот во побрзо тапкање на екранот ја прави ултразаразна.

Нејзиното корисничко опкружување е доста симплистичко и „рамно“. Тоа ви нуди да одберете за колку време сакате да се натпреварувате (се работи за времиња од 5 до 35 секунди со разлика од 5 секунди). Дополнително ви нуди опција да го исклучите звукот и да ги рестартирате одбројувањата.

Засега нема ранг листа (освен внатрешната на тоа кој победил, левиот или десниот играч), а интересно би било да се види додаток за натпревар преку Интернет. Отсекогаш сонувавте да го победите брат ви во апсурден натпревар на тапкање точки по екран и тоа изведено од македонски програмери? Ова е вашата шанса!

Извор: Google Play Store – TapBattlz

 

Претходна статијаНадградената реалност на MagicLeap неверојатно добра
Следна статијаНајскапите апликации достапни на Apple App Store