Telegram се приклучи на трендот од повеќето останати апликации, па во својата ја воведе популарната функција Stories. Оваа можноста за објава на „приказни“, односно објави со рок на траење, беше официјално пуштена минатиот месец, само за Premium претплатниците.
Сега, како начин на прослава на десетгодишнината од пуштањето на Telegram, Stories им се достапни на сите корисници. Premium корисниците задржуваат неколку ексклузивни можности, но повеќето им се достапни на сите корисници.
Со пуштањето на оваа функција за сите корисници, од Telegram најавија и неколку новини, а генерално може да се каже дека имплементацијата на Stories кај оваа апликација е подобра од конкурентните.
Новите функции кои стануваат достапни за корисниците ги вклучуваат такви како Dual Camera Mode, со што се овозможува објава на „приказна“ снимена со двете камери во исто време, можност за измена на објавените Stories, без потреба од повторно прикачување и слично.
Посебно добра одлука на Telegram е корисничкиот интерфејс на главната страна, кој е направен да не ги става Stories во преден план, па разговорите остануваат главната работа. Со кратко повлекување надолу се истакнуваат Stories, а мора да се истакне вниманието на дизајнот и анимациите кое е посветено.