Поедноставувањето на корисничкиот интерфјес кај апликациите е доста актуелно изминатиот период. На нас корисниците тоа ни се допаѓа, а најмногу поради тоа што поминавме еден долг период на непотребно комплицирање на апликациите и излегување од нивната основна намена.
Слично на стилот на новиот Facebook Messenger, но и други апликации, Viber го поедноставува својот кориснички интерфејс, а истиот сега изгледа поедноставно, почисто, но и дефинитивно помодерно.
Промената кај новиот интерфејс веднаш се забележува. Карактеристичната боја на Viber е тргната од горната лента, па сега целата апликација го става акцентот на белата боја.

Навигацијата низ апликацијата е исто така променета и поедноставена. Па така, наместо горе достапните табови за разговори, контакти и повици, како и посебно копче за јавните разговори, сега навигација едноставно се одвива преку три таба на долната страна. Доле сега се достапни разговорите, повиците и се останато.
Од Viber исто така истакнуваат дека апликацијата треба да работи и побрзо, како и постабилно, а на тоа работат постепено во изминатите 8 години колку што постои сервисот.
Од компанијата најавуваат дека наскоро ќе биде воведена и можноста за групни повици, а истата ќе биде ограничена на до 5 пријатели.
Друга новина е и можноста за разговарање во јавните разговори, без прикажување на телефонскиот број, поради подобра приватност.