По појавата на Threads апликацијата оваа недела во Play Store и во App Store, со можна дата на пуштање на 6 јули, сега ја имаме и официјалната потврда на оваа дата кога апликацијата ќе им стане достапна на корисниците.

Прво потврдата дојде од главниот на Instagram, преку која мрежа се пушта Threads, а сега со пребарување во Instagram апликацијата со зборот Threads, се појавува картичка на која е напишана датата 6 јули и 16:00 часот.

На оваа картичка е ставен и линк до профилот на корисникот, па тој веднаш ќе може да го сподели за да почне со следење со нови пријатели.

Купувањето на Twitter од страна на Елон Маск за група на луѓе е негативна работа, па пуштањето на алтернативи на оваа мрежа стана популарно. Во случајот со Instagram и Meta не мора да се гледа до толку во тој правец, а од компанијата цело време гледаат како да ги задржат огромниот број на корисници, како и да привлечат нови.

Како што би се очекувало од апликација конкурент на Twitter, корисниците ќе можат да следат други корисници, а објавите ќе бидат во форма на текст, со можност за додавање и на слики и видеа.

Ваквите апликации се одлични за следење на одредени интереси, теми и генерално дискутирање за се што е актуелно. Ќе видиме како ќе ја прифатат корисниците оваа апликација и дали тоа ќе им влијание на Twitter.

Претходна статијаСтуденти од Холандија го поставија новиот светски рекорд за најдолг поминат пат со автомобил на водород
Следна статијаСите најдобри перформанси во еден мобилен телефон: Galaxy S23 Ultra
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.