Продавницата за апликации на Apple на својот мобилен оперативен систем iOS се’ уште се смета како најголемата продавница за апликации. Иако Android е најкористениот мобилен оперативен систем и има многу повеќе симнувања на апликации од iOS, сепак според статистиките заработката од апликациите е подобра за програмерите на Apple.
Apple како компанија се познати по тоа што го контролираат секој аспект од работењето и даваат значење на секоја ситница во нивните производи. Тоа значи дека нивните соработници, во случајот програмерите мораат да се придржуваат до одредени стандарди при правењето на нивните апликации. Некои од критериумите кои што програмерите треба да ги земат во предвид при правењето на нивните апликации се следните:
- Кодот на апликацијата треба да е целосно тестиран пред поднесување на истата во продавницата. Апликациите кои што паѓаат или имаат багови нема да бидат прифатени
- Линковите во апликацијата треба да бидат проверени, односно да се ажурирани и да носат до актуелна страна
- Сите слики планирани за апликацијата треба да бидат ставени пред поднесувањето. Доколку место слики се оставени placeholder-и за слики, апликацијата ќе биде одбиена
- Дизајнот на апликацијата треба да биде чист, рафиниран и лесен за користење, како и во согласност со правилникот за дизајн од компанијата
- Информациите кои што се бараат при поднесување на апликацијата треба да бидат целосни
Вакви правила има повеќе, што е и логично и ја прави оваа продавница за апликации, место каде што може да се најдат некои од најдобрите и најубавите апликации достапни на пазарот.
Од компанијата решија да ги прикажат најчестите причини поради кои што поднесените апликации во нивната продавница за одбиени. Со тоа програмерите ќе имаат подобра претстава за тоа што од компанијата го сметаат како важно и дека сериозно ги спроведуваат сопствените правила. 10-те најчесто причини за одбивање на поднесените апликации во последните недела дена се прикажани на следните слика. На прво место на листата се недоволните информации како причина за одбивање на апликацијата со 14% од одбиените апликации.