play-store-web

SalientEye: Апликација која го претвара вашиот мобилен во домашен аларм систем

Технологијата за домашна безбедност знае да биде доста скапа доколку нуди поголем број перформанси од основните. Тука на помош ќе ви дојде SalientEye, апликацијата која ќе го претвори вашиот Android уред во аларм за детекција на движење.

Повеќето од вас дома чуваат стари мобилни телефони, па не само што ќе им најдете примена туку и ќе заштедите на скапи аларм системи.

SalientEye апликацијата ја користи камерата на вашиот телефон за да детектира движење, го користи екранот како визир, звучникот како аларм и безжичната конекција за да прикачи слики и да испрати предупредување преку SMS или email.

Сетирањето е едноставно, најпрво ја инсталирате апликацијата, поставувате пин за сопирање на алармот и додавате дестинациска адреса за email и SMS известувања. Следи активирање на апликацијата и позиционирање на камерата за да се опфати областа која сакате да ја покриете.

Секако постојат и недостатоци кои што може да се појават, како на пример лажни тревоги, а исто така најдобро би било уредот да биде поставен на полнење.

Апликацијата e бесплатна за Android уредите и можете да ја преземете преку следниот линк.

salient-eye

OverHeard: Апликација за споделување на звуци која ќе ги сними моментите вредни за споделување

Нема недостаток од апликации за снимање видео и аудио, но поголемиот дел од нив се потпираат на вашата подготвеност. Тоа значи дека треба да бидете спремни со прстот на екранот и да чекате нешто интересно да се случи.

Сега новата iPhone апликација следи еден нов тренд таканаречен “always on” и го применува во аудио доменот. Тоа што ја прави апликацијата интересна е што снима и зачувува звуци до 3 минути независно од тоа каде се наоѓате, потоа почнува одново и ги брише претходните снимки, па доколку слушнете нешто вредно за споделување само ќе ја отворите апликацијата и ќе го отсечете делчето.

Апликацијата поддржува до 10 звучни ефекти вклучувајќи го Darth Vader ефектот, како и ефект на одек. Должината на интервалот на звукот може да биде 15, 30, 60 секунди или 3 минути. Звучните клипчиња исто така може да бидат проследени со слика. Апликацијата е Twitter friendly и поддржува хаш тагови. Корисничкиот интерфејс е дизајниран така да им дозволи на корисниците да лајкуваат, коментираат и следат други корисици.

Апликацијата моментално е достапна за iOS уредите, а е оптимизирана за верзијата 7 и може да ја преземете преку следниот линк.

over-head

Flickpic: Windows Phone апликација за споделување слики за која не ви треба интернет конекција

Споделувањето фотографии се подобрува со текот на времето со паметните телефони, социјалните мрежи и подобрените безжични комуникации. Сепак се’ уште постои простор за иновации, а новата апликација Flickpic ќе ве увери во тоа. Апликацијата е креирана од тим наречен CoLinked кој го освои Мicrosoft Imagine купот во 2013.

Flickpic овозможува праќање на слики без да има потреба од Wi-Fi, 3G, 4G или било која друга конективност, што значи дека ќе ви дозволи да споделувате слики било каде. Апликацијата им овозможува на корисниците брзо да споделуваат слики кон повеќе уреди со лесни удари на телефоните. Секако потребно е и двете страни да ја имаат инсталирано апликацијата.

Апликацијата е изградена со користење на C# во Bluetooth протоколот, што ја заобиколува потребата за спарување или поврзување телефони со Wi-Fi. Системот кој се користи е наречен ISN (Impromptu social network) и се справува со откривање на мрежа, конектирање, дисконектирање, проверка на грешки, испраќање и примање податоци. Всушност ја полниме рамката со податоци и сите кои се во наша близина можат да ги добијат.

Оваа апликација моментално е достапна за Windows Phone и можете да ја преземете преку следниот линк.

flickpic

Претходна статијаСензорски дисплеи за попаметни мобилни уреди
Следна статијаMicrosoft ја продолжува поддршката за Android, го претстави Nokia X2