tubecast_spotlight

Технологијата на префрлање на содржината од еден уред (на пример телефон) до некој друг (на пример телевизор) полека, но сигурно навлегува и кај нас. Има повеќе технологии кои го овозможуваат ова: Chromecast, OpenFlint, SmartTV, UPNP/DLNA… модерните телевизори и други уреди ги поддржуваат ваквите технологии, но за да ги користите потребно ви е да имате соодветна апликација за истото.

На помош доаѓа Tubecast, апликација за Windows Phone која ви овозможува токму ова – префрлање на YouTube видеа од вашиот преносен уред кон некој друг, поголем за да ја гледате полежерно. Нејзиниот дизајн е прилично едноставен и чист. Тој потсеќа на стандардната YouTube апликација која може да се најде на Android и на првиот екран има препораки за видеа базирани на вашиот профил. Дополнително постои страница која листа YouTube категории, како што се: The best of music или Gaming.

Видеата кои ги пуштате преку апликацијата можете да ги пренесете на скоро сите постоечки технологии (Chromecast, SmartTV, UPNO/DLNA). Последниот стандард значи дека можете да го пренесете приказот до вашиот X-box, што би значело дека преку него можете да ги користите повеќето телевизори кои постојат. Апликацијата има опции во менито за зачувување на видеата за покасно, автоматско пуштање на следно мени, приказ на искористеноста на меморијата, можност да се прикачи некој канал на главата страница и слично.

Во главно апликацијата, освен некои мали проблеми, работи одлично и изгледа одлично. Бесплатната верзија ви овозможува пренесување на 20 видеа, а ако сакате пренесување без ограничувања ќе треба да ја купите PRO верзијата која чини скоро никакви 1,99 долари.

Извор: Windows Central, WMPowerUser

Претходна статијаOppo Smartwatch – Паметен часовник кој ќе може да се наполни за само 5 минути
Следна статијаТаксисти: Претприемништво и слободен пазар? дел 1