Познатиот сервис за онлајн радио станици, TuneIn, ја претставија TuneIn Explorer функција која овозможува да се пребаруваат радио станиците според локацијата на мапа од светот. Слободно може да се каже дека ова е „Google Maps“ за онлајн радио станици, а откривањето на добри радио станици на овој начин може да стане полесно.

Мапата секако е интерактивна, што значи дека може да се навигира исто како Google Maps, со повлекување и зумирање до саканата локација. Секаде каде што има некоја радио станица, таа е означена со икона и лого од истата, па кога ќе се најде нешто што се сака да се проба, може да се притисне и да се отвори стандардната страна за слушање.

Иако се работи за мапа, достапни се повеќе филтри доколку корисникот не сака да ги гледа сите видови на станици, па може да избере според жанр, вид на содржина и слично.

TuneIn Explorer моментално е достапен преку веб страната на сервисот, а се најавува достапност и преку мобилната апликација наскоро.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаTiny11 е неофицијална верзија од Windows 11 која може да работи на компјутери со послаби карактеристики
Следна статијаThe Calculator Drawer од Internet Archive e емулатор на стари и познати дигитрони достапни за секој да ги проба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.