Turpial е Twitter клиент за Linux оперативниот систем и е достапен за едноставна инсталација на повеќето дистрибуции. Истиот е во развој веќе одамна, а последната надградба е прва после цели 2 години. Без разлика на поминатото време, ова според нас претставува еден од подобрите десктоп клиенти за Twitter.
Turpial има едноставен, но функционален и прегледен кориснички интерфејс, кој што е базиран на колони. Бројот на колоните не е одреден, па изборот останува на корисникот да го прилагоди зависно своите потреби и преференции. Во продолжение прочитајте ја листата на карактеристики и функции достапни во најновата 3-та верзија од Turpial.
- Поддршка за повеќе колони
- Поддршка за повеќе кориснички сметки
- Закажување на пораки
- Избор на корисници за кои што не сакате да добивате нотификации во одреден период
- Голем број на сервиси за скратување на линковите или прикачување на слики
- Интеграција со системот на нотификации на оперативниот систем
- Поддршка за твитови, ретвитови, спомнувања, одговори, омилени твитови, директни пораки, следење и откажување на следењето на корисници
Turpial можете да го инсталирате со користење на командата install turpial во повеќето дистрибуции на Linux или преку следниот линк, а доколку сте корисник на Ubuntu прво треба да го додадете во изворите на софтвер внесувајќи ја следната команда во terminal:
sudo add-apt-repository ppa:effie-jayx/turpial
sudo apt-get update
sudo apt-get install turpial