Иако Twitter веќе одамна има таблет верзија на iOS, сепак дури сега претставуваат верзија оптимизирана за таблет компјутерите кои работат на Android. Таблет верзијата ќе ја користи големината на екраните и ќе прикажува повеќе информации од досегашната верзија која што е само зголемена мобилна верзија. Сега кога ќе го свртите таблетот во landscape позиција, покрај најновите твитови, од десната страна со кликање на некој твит, ќе го видите проширениот приказ на истиот заедно со слики, видеа и краток приказ на статиите. Покрај тоа на екранот ќе бидат прикажани и разговорите, трендовите, корисниците за следење и слично.

twitter-samsung-tablet

На почеток оваа верзија ќе биде достапна само на Samsung Galaxy Note 10.1-2014, а за останатите Android таблет компјутери до крајот на годината.

Twitter за таблет компјутери ја користи Multi-screen функцијата на Samsung таблетите, па нуди можност за отворање на друга апликација паралелно со Twitter апликацијата. Оваа функција овозможува отворање на 2 апликации во исто време една до друга, секоја во посебна половина од екранот.

twitter-samsung-multi-screen

Претходна статијаВидео од очекуваните Nexus 5 и Android 4.4 KitKat?
Следна статијаFoursquare воведе платформа за рекламирање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.