viber-win-8

Viber апликацијата која што на повеќето ви е не само позната, туку и редовно ја користите, од денес е достапна и како „модерна“ апликација за Windows 8. Најновите верзии на Viber се направени да работат на поеќе платформи, па апликацијата можете да ја инсталирате и користите на повеќе места, иако имате само еден телефонски број. Доколку користите десктоп компјутер со Windows 8, сега ќе имате можност да користите Viber во двете околини, односно десктоп и Start.

featureV2

Viber за Windows 8 доаѓа со сите функции достапни на другите платформи, односно преку истата ќе можете да испраќате и примате бесплатни пораки, стикери, слики, видеа и цртежи. Ќе можете да ја споделувате вашата локација, како и да правите HD видео повици преку 3G/4G и Wi-Fi. Viber има и уште неколку функции карактеристични за Windows 8, па исто така ќе можете да:

  • Закачите (pin) Viber на Start екранот и да добивате информации на плочката во живо (live tile)
  • Да го користите Viber на одреден дел од екранот со Snap View функцијата
  • Пребарување на Viber контакти преку Search лентата
  • Toast нотификации
  • Промена на јазикот, независно од јазикот на оперативниот систем

viber-screens

Viber за Windows 8 можете да го симнете во продавницата за апликации (Store) или преку следниот линк.

Претходна статијаQualcomm Toq паметен часовник
Следна статија13 најдобри додатоци за Firefox во 2013
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.