Viber е популарна апликација за праќање на бесплатни пораки, групни пораки, повици и видео повици, која ја користи интернет конекцијата на телефонот и е достапна на сите платформи. Стана популарна како замена за класичните SMS пораки, поради паѓањето на цените на мобилниот интернет и поголемиот вклучен сообраќај, а и големата достапност на Wi-Fi точки, па праќањето на пораки преку Viber е практично бесплатно.

Со оваа надградба Viber за Windows Phone 8 доаѓа до верзијата 3.1 и ги носи следните новости:

  • Нов кориснички интерфејс кој покрај освежувањето донесува и можност за избор на позадини на апликацијата.
  • Подобрени нотификации
  • Поддршка за Live Tiles

Viber е достапна во продавницата за апликации и може да ја симнете или надградите на следниот линк.

viber-qr-link

Претходна статијаДостапен Update 3 за HTC 8X
Следна статијаFirefox 25 достапен за симнување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.