virus-shield

Ранг листата на апликациите, како и нивните препораки се поделени по локација, така да можеби некој од вас ја нема ни видено оваа апликација. Сепак до истата може многу лесно да се дојде преку пребарување, па во продолжение прочитајте за што точно се работи.

Апликацијата во прашање е Virus Shield и е веќе тргната од продавницата за апликации. Во нејзиниот опис стои дека таа спречува инсталирање на штетни апликации на вашиот уред, ги скенира апликациите, прилагодувањата, фајловите, како и медиа фајловите во вистинско време и ги заштитува вашите лични податоци. Исто така нејзините програмери тврдат дека ова го постигнува со многу мала потрошувачка на батеријата и дека не вклучува реклами. Апликацијата е поставена во продавницата пред нешто повеќе од една недела и за овој краток период е симната повеќе од 10.000 пати, а цената која што треба да ја платите за неа изнесува 3.99 долари. Исто така рејтингот на апликацијата е доста висок со пресечна оценка од 4,7 поени.

Според истражувањето од страна на Android Police порталот, оваа апликација е тотална измама. Таа не прави ништо од работите кои што се наведени во листата, туку едноставно е направена како една убава шминка на во основа нефункционална апликација. Сепак апликацијата не прави директно штета на уредот, освен потенцијалната изложеност на малициозен софтвер за кој што мислите дека сте заштитени, како и финансиската штета. Како доказ за ова тврдење од Android Police го имаат објавено и кодот на апликацијата, па тие што се разбираат ќе може тврдењето да го потврдат. Сепак фактот што Virus Shield е тргната од продавницата, нешто што само Google може да го направи, е доказ дека тврдењата не се грешни.

Извор: Android Police

Претходна статијаAndroid TV, нов проект од Google за вашата дневна соба
Следна статијаПоддршката за Windows XP завршува утре, но не за сите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.