Screenshot.385898.1000001

Visit Skopje е апликација која што ви ја претставивме пред неколку месеци. Направена е од македонската компанија Семос за Windows Phone платформата. Оваа апликација е наменета за секој кој што би сакал подобро да го запознае нашиот главен град, а се разбира таа е посебно корисна за странските посетители.

Visit Skopje апликацијата ви овозможува прегледување на места низ градот како што се хотели, ресторани, туристички локации, информации за превоз, болници и слично. Сите овие категории се претставени со основните информации кои што би му биле потребни на еден посетител на градот, како и повеќе слики. Апликацијата исто така има можност за прикажување на местата блиску до вашата локација која ги содржи местата од сите категории. Покрај овие информации, апликацијата вклучува и временска прогноза, нешто што секако е важно за било кој посетител на градот.

visit-skopje-android-screens

До сите локации може да се може да се стигне преку следење на GPS навигацијата, што се разбира е често неопходно за посетителите кои што првпат доаѓаат во градот.

Visti Skopje овозможува корисникот сите места кои што би сакал да ги зачува, да ги стави во делот за Омилени локации, по што многу лесно ќе може повторно да ги најде. За странските посетители апликацијата вклучува и конвертор на валути кој што овозможува претворање во денари од повеќето странски валути.

Апликацијата сега е достапна за повеќе корисници преку новите верзии за Windows 8 и Android платформите. Апликациите се направени во соработка со студенти како дел од дипломска работа или пракса на факултетите.

Visit Skopje можете да ја симнете во соодветните продавници за апликации, односно преку следните линкови на Google Play и Windows Store.

Претходна статијаПочнаа да излегуваат првите шпекулации за Samsung Galaxy S6
Следна статијаAlienware значително го надгради концептот на надворешна графичка картичка за лаптоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.