Vivaldi е прелистувач кој е направен од страна на поранешниот директор во Opera, по малите несогласувања за користењето на Chromium и намалувањето на функциите на овој прелистувач. Vivaldi може да се каже дека го продолжува стилот на стариот Opera прелистувач, па на фановите им овозможи да продолжат да користат една ваква апликација.

Беше претставен во 2015 и се карактеризира со повеќе вградени функции, како што се имејл клиент, календар, доста можности за прилагодување и повеќе.

Четири години по претставувањето на мобилната верзија од Vivaldi за Android, сега овој прелистувач официјално доаѓа и на iOS, со прилагодувања да може да функционира и на iPadOS.

На мобилните Vivaldi е поедноставна апликација, очекувано, но сепак не се тргнати сите функции кои им се достапни на десктоп корисниците.

Изгледот на Vivaldi на iOS е во стилот на Android, што значи дека се добива унифицирано искуство.

Посебно се истакнуваат лентите за веб страните кои се прикажуваат како на десктоп, па префрлувањето од еден „таб“ на друг е доста поедноставно и интуитивно.

Vivaldi на iOS доаѓа и со познатата главна страна од прелистувачот каде корисниците ги поставуваат своите најчесто користени страни, а тука се и панелите од каде се пристапува до историјата, листата за читање и белешките.

Белешките се уште една уникатна карактеристика на Vivaldi, па корисниците не мора да бараат друга апликација за потребите од запишување на нешто важно.

Оваа верзија од Vivaldi е достапна и за корисниците на iPad и е прилагодена за поголемиот екран на таблет компјутерите.

Апликацијата е веќе достапна во App Store и може да се симне.

ИЗВОРVivaldi
Претходна статијаМакедонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик
Следна статијаDisney+ започнува со забрана на споделување на лозинката, за почеток во Канада
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.