vlc-f

VLC е можеби еден од најпознатите видео player-и кај десктоп корисниците со достапност на Windows, Linux и OS X. Причината за тоа е неговата можност за пуштање на било кој видео и аудио фајл без потреба од инсталирање на дополнителни кодеци и слични додатоци. VLC не е единствената програма со вакви способности, меѓутоа е меѓу најпопуларните поради долгото постоење, а и според нас, едноставниот дизајн со кој што другите не можат баш да се пофалат. Програмата има огромен број на прилагодувања за секој дел од гледачкото искуство, а сето тоа успева да го направи едноставно и ненаметливо.

Поради големата популарност VLC претстави верзии од програмата и на мобилните платформи, па сега е достапна на iOS, Android, како и на Windows 8 со не толку одамна претставената модерна верзија.

VLC во периодот што следи ќе добие поддршка за Chromecast, уредот од Google кој што овозможува безжично поврзување на вашиот уред со телевизорот. Прво поддршката ќе ја добие iOS верзијата во форма на додаток во наредниот месец дена. Потоа ќе следи надградба за Android верзијата, по што од VLC ќе работат на имплементирање на поддршката на десктоп верзиите, односно на Windows, Linux и OS X. За десктоп верзиите не се знае точно кога може да се очекува можноста, а од VLC изјавуваат дека таа е најтешка за имплементирање кај овие верзии.

Извор: OMGChrome

Претходна статијаНова верзија на Skype за iPhone
Следна статијаWiFi интернет конекција за авионските патници низ Европа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.