VMWare, кои веќе неколку години се во сопственост на Broadcom, во процесот на интеграција на нивните сервиси во новата компанија, направија промена кај видот на лиценци.

Двете доста познати апликации, Workstation Pro и Fusion Pro, добиваат и бесплатна лиценца, односно ќе може да се користат бесплатно од приватните корисници.

Од компанијата истакнуваат дека го поедноставуваат процесот на лиценцирање, па сега ќе постојат две лиценци, бесплатна за приватно користење и платена претплата за компаниите.

Ова значи дека бизнисите ќе продолжат да имаат пристап до сите и напредни функции кои ги нудат овие апликации, но приватните корисници ќе можат да креираат различни виртуелни машини без потреба од плаќање.

Инаку, овие две апликации се користат за инсталација на виртуелни машини во кои се инсталираат оперативни системи, во главно со цел на тестирање на апликации или пристап до оперативен систем различен од тој кој го користи корисникот.

Workstation Pro е апликацијата која е достапна на Windows и Linux, додека апликација за macOS е наречена Fusion Pro.

ИЗВОРVMWare
Претходна статијаЦЕФТА и Заедничкиот регионален пазар како инструмент за забрзана интеграција кон ЕУ пазарот
Следна статијаTwitter веќе официјално не постои
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.