WhatsApp се доста активни изминатиот период, па доста често има што да се напише за новините кои ги додаваа на нивната апликација.

Најновата функција која станува дел од оваа апликација е можноста за испраќање на инстант видео пораки. Се работи за надоградба на веќе достапната и позната функција за испраќање на аудио пораки, па корисниците сега можат да додадат и видео.

Видео пораките се испраќаат од истото место како аудио пораките, а сега е достапна можност за вклучување на камерата. Исто како за аудио пораките, снимањето се прави додеа е притиснато копчето за снимање, а истото може да се заклучи со повлекување нагоре за снимање без да мора да се држи телефонот.

Видео пораките може да бидат долги до 60 секунди, а се покриени со заштитата како и другите пораки, односно се од-крај-до-крај шифрирани.

Испратените и добиените видео пораки ќе се прикажуваат во форма на круг, а ќе започнуваат автоматски без звук, па притискање на видеото ќе го додаде и звукот и ќе го зголеми форматот за подобро гледање.

Од WhatsApp истакнуваат дека оваа новина веќе им се пушта на корисниците, а сите треба да ја добијат во неделите што следат.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 2WhatsApp
Претходна статијаOnePlus Open ќе биде името на првиот уред на преклоп од компанијата
Следна статијаПо вторпат Европската конференција за млади инженери ќе се одржи во Скопје, регистрацијата е во тек
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.