Screenshot 2014-02-25 10.21.47

На MWC 2014 настанот WhatsApp најави дека планираат да го прошират нивниот сервис, кој што моментално опфаќа само испраќање на бесплатни пораки, со можноста за гласовна комуникација, односно правење на аудио повици. Апликациите кој претставуваат најголема и директно конкуренција веќе подолг период ја имаат оваа можност, што WhatsApp ги ставаше во нешто подредена положба. Меѓутоа кога ќе се видат бројките за нивните корисници, може да се заклучи дека сепак корисниците сакаат комуникација преку пораки и недостатокот на повици не е проблем за нив.

Повеќе информации за тоа како точно ќе биде имплементиран сервисот и кој функции ќе ги има не се најавени, па останува да се причека официјалното пуштање. Viber кој што одамна ја има оваа функција го прошири сервисот со нудење на повици кон обични телефонски линии преку Viber Out сервисот, односно стана директна конкуренција на Skype.

Минатата недела беше најавено купување на WhatsApp сервисот од страна на Facebook за 16 милијарди долари, а од таму се пофалија дека од таа најава имаат регистрирано 15 милиони нови корисници.

Претходна статијаAlcatel го претстави OneTouh Smartbook, лаптоп кој работи преку мобилниот телефон
Следна статијаSamsung го претстави Gear Fit, фитнес ориентираниот паметен часовник
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.