Фото: WhatsApp

Meta претстави нова функција за нивната апликација за приватни разговори WhatsApp која треба да ја подобри приватноста на разговорите. 

Истата е наречена „Advanced Chat Privacy“, односно Напредна приватност за разговорите и истата во основа ја блокира можноста за вадење на содржината на разговорите надвор од нив. 

Кога корисниците ќе ја вклучат оваа нова можност за одреден разговор, поединечен или групен, корисниците веќе нема да можат да го зачуваат разговорот на нивниот уред или на друг уред, сликите и видеата нема автоматски да бидат зачувани на уредот, а исто така вештачката интелигенција ќе нема пристап до разговорот. 

Од компанијата оваа новина ја промовираат како корисна за ситуации кога се прават разговори на одредени приватни теми, а не баш сите во разговорот се познаваат доволно. Како пример се дава група во која се разговара за здравствени проблеми, па не секој би сакал информациите да може да бидат извадени од разговорот. 

Вклучувањето на Advanced Chat Privacy се прави посебно за секој разговор, преку менито до кое се пристапува со притискање на името на разговорот. 

Оваа новина им станува достапна на сите корисници со најновата верзија од апликацијата. 

За во иднина се најавува дополнување со нови функции, односно можности за заштита на разговорите.

ИЗВОРWhatsApp
Претходна статијаInstagram ја пушти својата конкуренција на CapCut од TikTok
Следна статијаGrok ја доби можноста да ги памти претходните разговори со корисникот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.