140219215400-t-facebook-whatsapp-19-billion-00000515-620x348

На пазарот на комуникатори постојат огромен број на апликации кои ви овозможуваат сигурно и доверливо комуницирање (како што се WickrRedPhone, ChatSecure, Wiper…). Обично многу раширените апликации како Viber и Whatsapp немаат вакви заштитни механизми што го прави вашиот разговор преку нив не толку безбеден. Но, работите полека се менуваат на подобро.

Од Whatsapp само што најавија дека на својот Андроид клиент ќе воведат енкрипција која ќе оневозможи дури и самите тие да можат да ви ја видат содржината. Ваквиот систем на заштита е имплементиран во соработка со Open Whisper Systems кои се создавачи на веќе напредни апликации за безбедно комуницирање како Signal/RedPhone и TextSecure.

Се работи за крај-до-крај (end-to-end) кодирање на комуникацијата пред да се прати преку серверите на WhatsApp и во тој случај ако биде побарано од создавачите на апликацијата да го достават вашиот разговор, тие ќе ја достават кодираната верзија која после барачот ќе треба сам да си ја декодира. Клучевите за кодирање ќе се разменат меѓу корисниците и нема да бидат делегирани од серверите на WhatsApp. Ова автоматски ќе овозможи поголема сигурност на апликацијата и на вашите разговори во однос на разни цензори, државни агенции и хакери кои би сакале да ѕирнат што вие пишувате на приватно со вашите контакти.

Се` уште нема најава за достапноста на ваквата заштита за iPhone, но треба да се очекува наскоро. Веројатно од WhatsApp се одлучиле на ваков чекор бидејќи почнуваат да губат корисници на други сервиси (како гореспомнатите) кои нудат потемелна и подобра заштита на комуникацијата од нив и од другите конкуренти, што секако е за поздравување. Но секако дека треба да останеме внимателни особено зошто WhatsApp беше купена од Facebook, чиј основач Цукерберг ноторно изјави дека „Приватноста е мртва“. Дали конечно го возвраќаме ударот кон нашата приватност и влегуваме во ера во која нашите разговори повторно ќе бидат сигурни и приватни? Изгледа така но останува да видиме.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаWindows 10 Consumer Preview треба да биде достапен идната година, што може да се очекува
Следна статијаPhilae има најдено органски молекули на површината на кометата