Who’s Down е нова апликација која што ја тестира Google на ограничен број на корисници кои што треба да бидат поканети, а исто така да бидат од некој од универзитетите во САД. Тоа значи дека за жал не може да ја пробаме ние, а доколку се покаже како успешна, можеби ќе имаме шанса во иднина.
Апликацијата во основа е наменета за брзо и едноставно договарање со другарите кои што се во близина и се расположени за одредена активност. Самото име на апликација чии што најблизок превод би бил „Кој е за“, ја објаснува и нејзината намена.
Во основа апликацијата е направена наједноставно што може, а се разбира тоа не е негативно. На главната страна достапно е копче, поточно слајдер кој што со повлекување на десно означува дека сте расположени за дружење. Дополнително може да се нагласи и за што сте расположени, па поконкретно да може да се договорите.
Откако корисникот ќе означи дека е расположен за дружење, по покажувањето на интерес на уште неколку пријатели, апликацијата ве додава во посебен разговор каде што може да се договорите да го правите тоа за кое што сте заинтересирани.
Интересен концепт, посебно за поголемите градови и луѓе кои што се почесто имаат повеќе друштва и познаници со кои што прават одредени работи, наспроти едно одбрано друштво. Дали една ваква апликација би била популарна во земји како нашата не сме сигурни, па доколку некогаш стане достапна ќе може да го добиеме одговорот.
Извор: TechCrunch, VB, Google Play Store