Вертикалните видеа и така не се пријатни за гледање, на YouTube дополнителен проблем претставуваше и начинот на кој што тие беа прикажувани. Наместо можноста да се зголемат на целиот екран во portrait позиција, тие беа прикажувани како и сите други видеа кога ќе се избере full screen, а тоа е landscape позиција.
Тоа значеше дека видеото не го зафаќа целиот екран, туку само средината, а од страните беше оставен празен и неискористен простор.
Со најновата верзија на YouTube за Android, поточно 10.28, апликацијата добива можност за пуштање на ваквите видеа на целиот екран во portrait позиција. Со тоа, видеата ќе бидат гледани на екранот во позицијата во која што биле снимени, односно ќе се искористи максимално големината на екранот.
Сепак, тоа нема да го промени фактот дека треба да гледате вертикално видео, но сепак ќе овозможи кога веќе тоа го правите, да го имате најдоброто кориснички искуство кое што е можно.
Најновата верзија од YouTube е веќе достапна, па ако тоа веќе го немате направено, можете да ја инсталирате преку Play Store.
Извор: Android Police, GreenBot