youtube-wp-web

До Мај оваа година, корисниците на Windows Phone немаа официјална YouTube апликација, односно таа што беше во листата на апликации беше само линк до мобилната верзија на YouTube. Сепак во продавницата за апликации можеше да се најдат неколку неофицијални YouTube апликации, кои во недостатокот на официјална, станаа доста популарни. Меѓутоа во Мај, Microsoft ја ажурираше апликацијата и наместо само линк, таа стана вистинска апликација која што многу брзо доби на популарност. Иако оваа апликација не беше направена од Google, кои како и други официјални апликации на Windows Phone платформата чии што компании одбиваат сеуште да развиваат за оваа платформа, верзијата што ја развиваше Microsoft се сметаше за официјална верзија од апликацијата.

Кратко по пуштањето на новата верзија од апликацијата, се јавија проблеми со Google, кои побараа од Microsoft да ја повлече апликацијата поради тоа што истата не ги задоволува нивните Услови. Конкретно од Google приговараа за немањето можност за прикажување на рекламите кои се прикажуваат преку YouTube, можноста на корисниците да ги симнуваат видеата за offline гледање, како и дозволувањето за гледање на видеа кои сопственикот има забрането истото да може да се гледа преку мобилна апликација. После неизвесен период Microsoft реши делумно да ја промени апликацијата, па ги укина спорните можности на апликацијата, меѓутоа не воведе можност за прикажување на реклами.

Таа верзија функционираше одреден период, па беше повлечена од продавницата за нови симнувања. Во август Microsoft објави нова апликација која што се очекуваше дека е објавена со согласност на Google. Меѓутоа тоа испадна дена не бил случајот, па Google почна да го блокира функционирањето на апликацијата. Објаснувањето за тоа беше повторно не придржувањето до Условите, а конкретно потребата апликацијата да биде изработена во html5.

После 2 месеци на оставање на блокираната апликација и немањето додатни информации околу договарањето на Microsoft и Google, денес излезе нова верзија, која што наместо враќање на функционирањето на апликацијата, истата беше вратена во првичната форма, односно линк до мобилната верзија на YouTube. Информации во врска со нова верзија на апликацијата нема, па поради тоа и не се очекува во блиска иднина корисниците на Windows Phone платформата да имаат официјална YouTube апликација.

Доколку сте корисник на YouTube и сакате да имате пристап преку апликација, а не преку прелистувачот, ви препорачуваме да користите некоја од неофицијалните апликации, како: myTube и Metrotube.

Претходна статијаВодич за инсталација и оптимизација на Windows
Следна статијаНадградена официјалната Twitter апликација за Windows Phone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.