YouTube, како дел од нивната „feature experiments“ програма, започна со тестирање на функција која треба да провери колку корисниците имаат научено од видеата кои ги гледаат.
Проверката на тоа што е научено ќе се прави преку тестови кои се генерирани автоматски од страна на вештачката интелигенција кои ќе се појавуваат на главниот екран од мобилната апликација на YouTube на Android и iOS.
Со оглед на тоа дека се работи за експериментална функција, истата ќе им биде пуштена на многу мал број од корисниците на сервисот, па засега не е познато дали ова е нешто што може да се очекува да им биде пуштено на сите.
„За да им олесниме на луѓето да учат за темите што ги интересираат, експериментираме со тестови генерирани од вештачка интелигенција на Home делот од мобилна апликација YouTube. Ако сте гледач во експериментот, може да видите дека овие тестови генерирани со вештачка интелигенција почнуваат да се појавуваат на почетната страница на вашата апликација. Тестовите ќе го тестираат вашето разбирање на тема опфатена во видеото што неодамна сте го гледале. Ако изберете да направите тест, под него ќе се појави линк до неодамна гледаното видео за да можете лесно да се вратите назад за да дознаете повеќе за темата. Овој глобален експеримент се прикажува на мал процент од гледачите на iOS и Android кои неодамна гледале неколку, избрани образовни видеа и видеа на англиски јазик.“ – гласи објаснувањето од YouTube.