Фото: Shutterstock.com

YouTube започна со тестирање на можноста за прикажување на објавите преку Community Posts функцијата во посебен дел. Ова значи дека корисниците би можеле да видат листа од вакви објави, посебно од листата со видеа.

Тестирањето се прави на мал број на корисниците на мобилната апликација на YouTube на Android и iOS, а како што важи за сите тестови, во оваа фаза не е познато дали ќе им стане достапна на сите корисници.

До листата со објави ќе се доаѓа преку ново копче на некоја од објавите, каде што ќе има повеќе такви објави од различни креатори.

Од ова се гледа дека барем на почеток, Google не планира целосно посебна лента секогаш достапна, нешто што би можело до некаде да се смета и како конкуренција на X.

Корисниците ќе можат да се вратат назад на главниот дел од апликацијата и да продолжат да ги разгледуваат достапните видеа.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2YouTube
Претходна статијаSamsung ги проширува капацитетите на LE аудио и нуди уште поизвонредно аудио снимање, почист звук на компјутерите и споделување аудио на телевизори со повеќе луѓе
Следна статијаMicrosoft се откажа од примената на новиот начин на броење на сликите во OneDrive
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.