Фото: Shutterstock.com

Од наше искуство, YouTube Music е можеби најдобриот сервис за стриминг на музика на пазарот, а посебно кога ќе се земе во предвид дека со претплатата се тргаат и рекламите на YouTube.

Една работа беше останата зад конкурентите, иако зависи на кого му е важна, а тоа е прикажувањето на стиховите од песните. Кај YouTube Music тие се прикажуваат како обичен текст, односно целата песна е прикажана од почеток до крај.

Првите знаци дека Google работи на промена на оваа мала, но интересна и корисна функција, ги видовме при крајот на минатата година кога беше најавено дека кога се прави „casting“ на содржината од YouTube Music на телевизорите, стиховите ќе бидат прикажувани во живо.

Сега оваа новина ја гледаме дека доаѓа и на апликациите, односно не се вклучува само кога се слуша музиката на телевизорите. Според тоа што може да се види, функцијата не е официјално пуштена за сите, па одредени корисници само пријавуваат дека на нив им е пуштена.

Ова значи дека или од Google прво ја тестираат новината или пуштањето веќе е почнато, но оди постепено. Како и да е, ќе дознаеме во периодот што следи, а сигурно наскоро и сите корисници ќе можат да ги гледаат стиховите во живо, одлично за караоке.

Чисто информативно, ако не е јасно, стихови во живо значи дека тие се синхронизираат со песната, па точно делот кој во моментот е на ред, односно се пее, се прикажува, а останатиот текст е избледен во позадината. Со оваа промена стиховите се со поголеми букви и доста подобро можат да се читаат и следат.

ИЗВОР9to5Google
Претходна статијаTesla најави изградба на фабрика за Megapack батериите во Шангај
Следна статијаНа 4 мај започнува 35. Меѓународен Саем на книгата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.