Кратките видеа во стилот на TikTok се можеби најпопуларни кај корисниците овој период, додека не дојде нешто ново. Овие видеа ги има во скоро сите познати сервиси, па тука се Reels кај Instagram и Facebook, како и Shorts кај YouTube. 

Google тестира да ги донесе Shorts видеата, иако во најавата не ги нарекува така, кај нивната продавница за апликации на Android. На почетокот од новиот „For you“ дел корисниците би го гледале познатиот за нив распоред на кратки видеа, а во овој случај целта би била подобро откривање на нови и интересни апликации и игри.

Shorts видеата во Play Store ќе бидат дел од The Play Report, а нив ќе ги прават креатори на YouTube и други познати корисници кои ќе разговараат за одредени апликации и игри кои тие сметаат дека треба да се симнат. 

Корисниците кои немаат пристап до The Play Report ќе можат да ги гледаат овие видеа преку Play Store профилите на YouTube, Facebook и Instagram. 

Во оваа фаза Google ја тестира оваа новина само на ограничен број на корисници и тоа само во САД. Дали и кога се планира пуштање во повеќе земји и за повеќе корисници, засега не е познато.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаApple денеска го претставува iPhone 15
Следна статијаGoogle Messages треба да може да се користи од повеќе уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.