YouTube започна со тестирање на нов начин на оставање одговор на коментарите на видеата од страна на креаторите на видеата. Тие ќе можат да одговорат со нивниот глас, односно со аудио како дел од стандардните одговори на коментарите.
Засега оваа новина се тестира со мал број на креатори од САД и им е достапна само преку YouTube апликацијата на iOS. Одговорите треба сите да можат да ги слушнат, но колку што проверив, не секогаш тоа е случајот, но затоа достапен е препис од аудио одговорот.
Google оваа новина се надева дека ќе овозможи позначајни односи помеѓу креаторите и нивната публика.
Како и секој ваков тест кој го имаме видено на YouTube, масовното пуштање за сите зависи од успешноста и реакциите на тие кое се дел од тестот.
Мислам дека една ваква можност би било добро да биде пуштена официјално за сите.