youtube-logo

Настаните кои што се пренесуваат во живо на интернет, обично вклучуваат и можност за коментирање во вистинско време со другите корисници кои што го следат настанот. Оваа можност е веќе одамна достапна на YouTube при следење на видео кое што се пренесува во живо.

Корисниците можат да се приклучат на таканаречен Live Chat и да ја следат дебатата која што е отворена, како и да се приклучат на истата. Оваа можност е достапна за корисниците на YouTube преку веб, нешто што долго време беше главниот начин за следење на видео содржината, а посебно таа пренесувана во живо.

Меѓутоа трендовите и навиките на корисниците се менуваат во правец на се поголемо користење на мобилните уреди како паметните телефони и таблет компјутерите. YouTube апликацијата исто така овозможува овие корисници да ги следат настаните во живо, меѓутоа доколку сакаат да ги следат коментарите или и тие да се вклучат во нив, ќе мора да се вклучат од некој десктоп или лаптопот компјутер.

Со најновата верзија на YouTube, поточно 6.0.13, Google ја додава можноста за следење и приклучување во стримот на коментари на видеата во живо. Истото се прави на едноставен начин при гледање на видео во живо каде што посебно копче се прикажува на долната страна од екранот.

Screenshot 2014-12-17 11.18.36

Ова само покажува колку корисниците се повеќе ваков вид на содржина следат преку мобилните уреди, наместо преку компјутерите.

Извор и слика: Android Police

Претходна статијаOffice Sway Preview достапен за сите корисници
Следна статијаFacebook автоматски ќе ги подобрува сликите кои што ги објавувате преку мобилниот телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.