DFence

Во последно време по откритијата на Едвард Сноуден за ширината на шпиунирањето од страна на Националната безбедносна агенција на САД, сведоци сме на вистинска бура од апликации, оперативни системи и алатки кои се наменети да ја заштитат вашата приватност.

Yovo е една таква апликација која се занимава со безбедноста и приватноста на дигиталните слики кои ги испраќате. Со нејзина помош се отежнува дознавањето на содржината на самата фотографија преку копирање на екранот кој корисникот го гледа. Ова го остварува со прикажување на слој од вертикални линии кои се движат многу брзо преку сликата. Кога нашето око ги гледа екранот изгледа како едвај да трепка, но во моментот кога некој би се обидел да направи слика од екранот истите ги има на сликата и отежнуваат при напорите да се дознае што точно истата содржи.

Во исто време апликацијата нуди назначување на временски рок до кога пораката може да се прегледа по што се самоуништува (нешто слично на Snapchat, со тоа што се откри дека Snapchat ги чува пораките на уредот и откога треба да бидат избришани, што ја направи особено несигурна за безбедно користење).

Yovo моментално е достапна за iOS, а ќе биде достапна и за Андроид за кратко време.

Иако не совршен, ова е еден нов чекор кон заштитата од т.н. screenshot-ови и фотографирања на содржината на вашиот телефон од страна. На повидок сме на враќање на контролата врз нашата приватност и безбедност на нашите податоци во наши раце. Пред некој ден Епл најави дека iOS8 ќе биде кодиран и дека тој што ќе го нема PIN кодот нема да може да го декодира телефонот (а ни самите тие). The Guardian Project се занимава со целосен сет на апликации за заштита на вашата приватност и безбедност, како што се ChatSecure (праќање заштитени пораки), Orbot (сурфање со анонимизација преку Тор), Ostel (остварување кодирани телефонски разговори), Pixelknot (праќање на скриени пораки преку слики) и други. Паралелно на истите излегуваат апликации како RedPhone и Xabber.

Претходна статијаGoogle Now ќе ве потсетува за неплатени сметки
Следна статијаAir Umbrella ве штити од дождот со користење на воздух