Оваа недела TikTok веќе не требаше да биде достапен во САД поради тоа што договор за продажба на мрежата не беше постигнат во дадениот рок, како што бара законот донесен минатата година.
Претседателот Трамп повторно ја одложи забраната, нешто што му е овозможено од законот, па сега рокот за продажба на апликацијата е до 18 јуни.
Според информациите од Трамп, администрацијата има доста направено за да се спаси TikTok и направен е голем напредок во тој правец. Сепак, потребно е дополнително време за да осигура добивањето на одобрувања, а и да се финализира договорот.
Нема точни информации за тоа кој се е во игра за купување на TikTok, поточно верзијата од апликацијата која е наменета за САД, односно надвор од Кина. Повеќе компании досега беа споменати, па дури и Amazon влегоа во игра наводно минатата недела.
Се верува дека повеќе инвеститори се во игра, односно нема една компанија да ја купи апликацијата, па се работи за група на луѓе и компании кои преговараат заедно.