Google воведе неколку новости во најновата верзија од нивниот Chrome за мобилни прелистувач на Android и iOS. Новата верзија е со број 32 и е веќе достапна преку Play Store за Android и App Store за корисниците на iOS.

datasavingsduo_v3

Првата новост е можноста за користење на Google серверите при сурфањето, кои што ги компресираат податоците и со тоа ја намалуваат количината на податоци што ја користите, па се намалува искористениот интернет сообраќај. Според Google, заштедата на сообраќај изнесува до 50%, што за корисниците на ограничени пакети за мобилен интернет ќе претставува доста голема заштеда. Оваа функција работи на тој начин што сите побарувања што доаѓаат од прелистувачот на вашиот уред се препраќаат до серверите на Google наместо директно до серверот на веб страната што сакате да ја отворите. Потоа податоците што се наоѓаат на веб страната се компресирани, на пример, сликите се конвертираат во друг формат кој што им ја намалува големината во мегабајти, па така компресираната страница се испраќа назад до вашиот прелистувач. Компресијата не функционира за страници со безбедна комуникација, односно HTTPS, како и при сурфање во Incognito режимот.

Вклучувањето на оваа функција е по избор и мануелно, односно тоа се прави преку менито на Chrome, преку Settings > Bandwidth management > Reduce data usage. Доколку сакате да проверите колку заштеда на сообраќај имате направено, односно колку сообраќај би направиле доколку не сте ја користеле оваа функција, истото можете да го направите преку истото мени.

Друга нова функција на Chrome доаѓа за неговата iOS верзија. Се работи за можноста за преведување на веб страната која што ја посетувате, исто како на десктоп верзија на Chrome, преку притискање на копче на лентата на прелистувачот. Оваа функција е веќе достапна за Android верзијата на прелистувачот.

nexus5_africabloghomescreen

Исто така додадена е можноста за зачувување на веб страните како кратенки на Android home екранот, за побрзо и полесно пристапување до истите. Некои од тие страни ќе се отвораат на целиот екран, па ќе овозможат искуство како посебна апликација. Функцијата е додадена во главното мени, па кога се наоѓате на веб страната што би сакале да ја поставите како кратенка на Home екранот, само треба да го отворите менито и да притиснете на Add to homescreen.

Chrome е достапен за симнување и надградба преку продавниците за апликации или преку следните линкови.

chrome-32-qr

chrome-32-qr-ios

Претходна статијаFacebook ќе прикажува популарни теми
Следна статијаNokia Android телефон со Windows Phone кориснички интерфејс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.