zedge-wp

Zedge е апликација од познатиот сервис за симнување на позадини и мелодии zedge.net кој што е можеби најпознатиот и најстариот од овој тип на сервиси. До сега достапна беше апликација за двата најпознати мобилни оперативни системи, Android и iOS, а од минатата недела и за корисниците на Windows Phone. Поради сеуште малиот број на официјални и квалитетни апликации во продавницата на овој оперативен систем, секоја позната нова апликација е одлично прифатена од корисниците. Исто така од наше искуство ова е првата ваква апликација во продавницата која што вреди да се користи.

zedge-wp1

Zedge за Windows Phone е доста поедноставна од своите други верзии, а дизајнот е соодветно направен во стилот на оперативниот систем, но не е меѓу поубаво дизајнираните апликации кои што може да се најдат во продавницата. Преку апликацијата можете да симнувате позадини, кои што со излегувањето на Windows Phone 8.1 сигурно и повеќе ќе ги користите, како и мелодии. Позадините и мелодиите се прикажани во 3 групи, односно избрани, популарни и најнови, а исто така можно е и нивно разгледување по категории, како и конкретно пребарување. Содржината можете да ја видите или слушнете пред да се одлучите да ја симнете и зачувате на вашиот уред, по што можете да ја поставите како мелодија за ѕвонење преку менито за прилагодување или како позадина на екранот.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и истата можете да ја симнете преку следниот линк.

zedge-wp-qr

 

Претходна статијаHTC ќе претстави пластична и поевтина верзија од новиот One M8
Следна статијаSolartab – полнач за мобилни уреди кој работи на соларна енергија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.